9
Голема благодарност до сите што помогнаа овој настан да биде успешен и благословен! Без вашата посветеност, труд и љубов, сето ова немаше да биде можно.
о голема духовна радост и благодарност го прославивме празникот на Света Петка. Особено сме благословени што вечерната литургија ја отслужи Неговото Преосвештенство Владиката Пимен, заедно со отец Жарко. 
Присуството и молитвата на Владиката ни донесоа силен духовен поттик и топлина, потсетувајќи нè на значењето на заедништвото и верата што нè обединува.
Посебна благодарност упатуваме и до дечињата од Македонското училиште во Осло, кои со своите песни внесоа радост и насмевки во нашата црковна заедница. 

Голема чест ни беше присуството на Владиката на Осло и Митрополијата, кој одржа пригоден говор, како и на г-ѓа Оливера Трајковска, директорка на Управата за верски заедници на Република Македонија, која со свои зборови ја одбележа втората годишнина од постоењето на нашата црковна заедница во Осло. 

Повеќе информации: https://www.facebook.com/share/p/1CK8Menrh2/?mibextid=wwXIfr




