6
Вчера, кога Светата Црква Православна си спомнуваше за Светата Марија Египетска и ние се присетивме и си спомнавме за делото на еден наш Македонски великан, пионир во областа на медицината, доајен во областа на онкологијата,
Д-р. Анастас Коцарев.
На градските гробишта во градот Бонди, во присуство на градоначалникот на овој град г-дин Стефан Ерве, ќерката на вереницата на Коцарев Женевиев Бруне, амбасадорот на Република Македонија во Франција д-р. Igor Gila Nikolov , во присуство на претставници на Македонското Здружение – Заборавени Македонци – Zlatko Nikolovski , Smile Makedonski Petrovski кои се и организатори на ова случување, претседателот Vladimir Cice Budimovski и потпретседателот Nikolce Ristovski на МПЦО – “Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” – ПАРИЗ, парохискиот свештеник при истоимената ЦО – протоереј Даниел Стојчевски отслужи панихида во блажен спомен на големиот наш Охридски доктор – Анастас Коцарев.
По панихидата, во Македонската Православна Црква посветена на светите солунски браќа, Македонските и сесловенски учители и просветители Кирил и Методиј, молитвено се обративме кон Бога, а потоа комеморацијата продолжи во Македонската Амбасада.
ВЕЧЕН СПОМЕН





