Home » Во Загреб формирано ново македонско друштво за култура, уметност и едукација

Во Загреб формирано ново македонско друштво за култура, уметност и едукација

by Stanela S
8 views

На 18.12.2025 г. во Загреб свое претатавување имаше ново фрмираното

„Македонско друштво за култура, уметност и едукација Блаже Конески„.

Претставувањето на друштвото беше во пресрет на 19.12 ,  раѓањето на академикот Блаже Конески . За големината на македонскиот книжевник, преведувач, есеист, поет,  критичар, член на МАНУ, и кодификатор на македонскиот стандарден јазик читаше студентката Тамара Спиркоска.

Македонското друштво за култура, уметност и едукација Блаже Конески се формираше на 20.10.2025 г во Загреб. Преку промовирање на македонската култура, традиција, македонскиот јазик и културно наследство друштвото ќе ги застапува интересите на сите Македонци кои живеат во Загреб и Загребската жупанија.

На присутните им се обрати претседателката на друштвото Катерина Зековиќ, презентирајќи ги целите и областите на дејствување како и плановите во иднина. Потпретседателката Калијана Дукиќ ги повика присутните да се зачленат и  да земат активно учество во работата на друштвото. Со тоа друштвото ќе расте и созрее во институција која ке биде гордост за идните генерации.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе