Home » Во Загреб се одржа свечен концерт по повод Денот на Советот на македонското национално малцинство

Во Загреб се одржа свечен концерт по повод Денот на Советот на македонското национално малцинство

by trinitymedia
44 views

Во среда, на 16 октомври 2024 година Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб одржа свеченост по повод Денот на Советот 11 Октомври, во чест и сеќавање на нашата непрежалена легенда Тоше Проекси и по повод предстоечкиот празник Св. Злата Мегленска, заштитничка на истоимента црква во Загреб.

Во соработка со Мак Брас асоцијацијата – Скопје и Ансамблот Скопски Брас квинтете се одржа свечен концерт насловен како „Брас фантазија за Тоше Проески„. На програмата на концертот беа обработки на најпознатите мелодии на Тоше Проески, а публиката беше воодушевена од величественате изведби на Ансамблот, во состав:
Стефан Илиев – трубаВилијам Баракоски – трубаБлагоја Василевски – хорна; Никола Ристевски – тромбон и Александар Ниниќ – туба, кои покрај што се членови на Скопски Брас квинтете, истовремео се и редовни членови на Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, а се и надворешни соработници на Градскиот лимен оркестар во Скопје, Биг-Бендот на МРТВ, како и на Националниот џез оркестар на Македонија.

 

Повеќе инфо на: Свечен концерт по повод Денот на Советот на македонското национално малцинство во Град Загреб – Vijeće makedonske nacionalne manjine Grada Zagreba (makedonci-zagreb.hr)

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!