Home » Во Загреб свечено откриена биста на Блаже Конески

Во Загреб свечено откриена биста на Блаже Конески

by trinitymedia
16 views

Во паркот Бундек во Загреб, во саботата на 11 октомври 2025 година, во организација на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, свечено беше откриена биста на истакнатиот македонски книжевник Блаже Конески.

Со овој настан, Советот го одбележа и македонскиот државен празник 11 октомври, воедно и својот патронен празник, истовремено се вклучи и во одбележувањето на големиот јубилеј — 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик, кој во Р. С. Македонија се одбележува во текот на 2025 година.

Спомен-бистата е поставена во спомен на најистакнатиот македонски писател и лингвист Блаже Конески, автор на првата стручна современа граматика на македонскиот литературен јазик и прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите. Таа претставува вечен симбол на македонското почитување и сеќавање кон Блаже Конески, и ќе биде постојан потсетник на нашето присуство во Загреб и столб на кој идните генерации ќе ја градат свеста за македонскиот јазик, култура и идентитет.

Со своето присуство и упатените пригодни говори, свеченоста ја збогатија  македонскиот Амбасадор во Република Хрватска НЕ Драган Ѓурчевски, директорката на македонскиот Културно-информативен центар Мими Ѓоргоска Илиевска, гѓа Искра Тројачанец Најденовска  раководител во Агенцијата за иселеништво на Р. С. Македонија, председателката на Советот Иринка Ангелова Попржан, потпредседателката на Советот Зорица Велиновска, раководителката на Одделот на национални малцинства на Град Загреб Тања Хорватин, парохискиот свештеник на МПЦ во Хрватска протојер ставрофор Кирко Велински,  учениците со своите наставнички кои ја изведуваат наставата по македонски јазик и култура по моделот Ц во училиштата низ Хрватска и авторот на бистата, загрепскиот академски кипар Адриан Марок.

 

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе