Home » Во Загреб одржано предавање за значењето на културната дипломатија

Во Загреб одржано предавање за значењето на културната дипломатија

by Rebeka Spasova
18 views

Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, со цел остварување на стaтутарните и програмските права и обврски во контекст на зачувување на идентитетот, јазикот, писмото и верата, како и афирмација на македонското национално малцинство пред широката јавност континуирано остварува квалитетна соработка со македонскиот културен центар во Загреб.

Согласно наведеното, директорката на  македонскиот културно-информативниот центар во Загреб и советничка за култура при Амбасадата на Р.С. Македонија во Загреб м-р Мими Ѓоргоска Илиевска, во среда на 14 мај 2025 година одржа предавање под наслов „Улогата на културната дипломатија во промовирањето на меѓународната соработка, меѓусебното разбирање и градењето на трајни партнерства и пријателства меѓу државите”, во организација на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб.

Предавањето го отвори председателката на Советот Иринка Ангелова Попржан. Во уводниот дел Зорица Велиновска, заменичка на председателканата и членка на Советот за национални малцинства говореше за важноста на културната дипломатија низ призмата на промовирање на вредностите, идентитетот и интересите на припадниците на македонската национално малцинство во Хрватска. Културната дипломатија промовира дијалог и взаемно почитување меѓу сограѓаните и владите на нашите пријателски држави. При тоа одржувањето на традицијата и културното наследство, односно културната автономија на Македонците се почитува, уважува, и слободно се спроведува благодарение на Уставниот закон за правата на националните малцинства во Република Хрватска, истакна Велиновска.

Директорката на културно-информативниот центар, Ѓоргоска Илиевска, говореше за културната дипломатија како важен алат во зајакнувањето на меѓународните односи преку размена на идеи, уметност, јазик и вредности меѓу пријателските народи. Нејзината цел е поттикнување на меѓународната соработка, развој на меѓусебно разбирање и создавање трајни партнерства меѓу државите и културите. Промовирајќи  дијалог и взаемно почитување, културната дипломатија придонесува за мирот, стабилноста и одржливиот развој на глобалната заедница. Посебно интересен дел од предавањето беа примерите преку кои се поттикнува културната дипломатија а при тоа да се промовираат  интересите на двете наши држави, како и освртот за зачетоците на македонската културна дипломатија, првите културни активности, Комисијата за културни врски со странство, на чии темели продолжи да се развива  културната дипломатија во независна Македонија.

Понатаму, за време на предавањето, директорката Ѓоргоска Илиевска се осврна на правната подлога за билатералната културна соработка на нашите две држави, на улогата и програмските активности на КИЦ-от, како и на македонското културно наследство како заедничка врска на нашата припадност кон заедницата, како добра што се наследени од претходните генерации или кои настануваат во сегашноста, а кои е потребно да се сочуваат за идните генерации.

На крајот на предавањето завршен збор упати председателката на Советот Иринка Ангелова Попржан.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе