Home » Вечерна богослужба во Епинг по повод празникот на Преподобниот Гаврил, Епископот Велички

Вечерна богослужба во Епинг по повод празникот на Преподобниот Гаврил, Епископот Велички

by Stanela S
4 views
ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА ВО ЕПИНГ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ПРЕПОДОБНИОТ ГАВРИЛ, ЕПИСКОПОТ ВЕЛИЧКИ
На 11. 01. 2026, во предвечерието на чествувањето на споменот на Преподобен Гаврил, епископ Велички; во МПЦО ,,Свети вмч. Георгиј и Пресвета Богородица”, отецот Гаврил (Галев) во сослужение на о. Дејан Милошевиќ од СПЦ и на старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба.
На Вечерната богослужба учество зеде мноштво народ, кој имаше можност да се поклони на светите мошти на светител Гаврил Светогорец, епископот Велички, кој е светител од нашето време.
На крај присутните верници му го честитаа именденот на игуменот на манастирот во Кинглејк, отец Гаврил (Галев) и му посакаа крепко здравје, големи успеси во новото Лето Господово, многу мигови исполнети со радост.
По молитвите на нашиот свет отец Гаврил Светогорец, епископ Велички, Господи Исусе Христе, помилуј не! Амин.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе