Home » Ве покануваме на Божествена литургија на нашата заштитничка Преподобна Параскева- Света Петка

Ве покануваме на Божествена литургија на нашата заштитничка Преподобна Параскева- Света Петка

by trinitymedia
11 views
Почитувани верници!
Се ближи денот на нашата храмова слава и со одлични вести и со огромна радост, Ве покануваме на Божествена литургија на нашата заштитничка Преподобна Параскева- Света Петка и на одбележувањето на две години постоење на нашата црковна општина во Норвешка!
📅 Дата: 26-ти октомври (Недела)
⏰ Почеток: 18:00 часот
📍 Место: Manglerud kirke, Осло
꧁༺ СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ༻꧂
✨ Голема чест и благослов за сите нас!

☦️ Неговото Високопреосвештенство Владиката Пимен – духовен столб на нашата вера, пастир на Европската епархија и голем поддржувач на нашата заедница – ќе биде со нас!
Ова е ретка и благословена прилика да го поздравиме и да се укрепиме со неговите зборови и молитви.
👉 Да покажеме љубов и заедништво – дојдете во што поголем број!

Ова е историски момент за нашата црковна општина, затоа да го направиме празникот величествен и масовно посетен!
Затоа Ве молиме да го Шерувате овој пост и да ги разгласите убавите новости за да допрат до што повеќе луѓе.
🍲 По литургијата ќе следи заедничка гозба!

Сите што можат да приготват и сакаат да донесат храна, благо, се повеќе од добредојдени.
Славските колачи и панагии ќе бидат дигнати и благословени од отецот.
Нека оваа литургија биде извор на благодат, мир и духовно обновување за сите нас.

Ве очекуваме со отворени срца!
☦️ ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС ☦️

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе