Home » Богојавление – Водици 2026: Литургии, Водосвет и Фрлање на Светиот Крст во Езерото Траун

Богојавление – Водици 2026: Литургии, Водосвет и Фрлање на Светиот Крст во Езерото Траун

by Stanela S
9 views
Почитувани верници браќа и сестри по Христа вашата црковна заедница
Свети великомаченик Димитриј,по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици организира:
недела 18 јануари Света литургија од 9 часот
по литургијата ќе биде извршен чинот на голем Водосвет
Потоа од членовите на одборот Осветената вода за сите вас ќе биде наполнета во шишенца обезбедени од црквата(доколку имате шишенца од минатата година не ги фрлајте,донесете ги во црквата)
Светата вода има сила да ги осветува душите и телата на сите што ја користат.Ако се користи со вера и молитва,таа ги лекува сите наши телесни болести
Понеделник 19 јануари Богојавление,Света Литургија со почеток од 10 часот
По завршувањето на Литургијата ќе се упатиме кон езерото во Траун каде ќе се спушта Светиот Крст во претходно осветените води на езерото
И дојде глас од облакот, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син,Него по­слушајте Го!“
Сите заинтересирани за влегување по Светиот Крст во претходно осветените води на езерото во Траун да се пријават на телефонскиот број 06764483260-Слободан
За сите кои ќе влегуваат во езерото присуството на литургијата е задолжително
Сите кои ги слават Богојавление,Св Јован,Св Атанасиј и Св Антониј славски лебчиња може да донесат недела или понеделник
Христос помеѓу нас

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе