Home » Македонскиот национален совет од Република Србија собира парична помош за семејствата на повредените во Кочани

Македонскиот национален совет од Република Србија собира парична помош за семејствата на повредените во Кочани

by Rebeka Spasova
9 views

Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија отвори наменска сметка за собирање парична помош и поддршка за семејствата на повредените во пожарот во Кочани, кои се на лекување во Белград и Ниш.

Имајќи го предвид големиот интерес на припадниците на македонската заедница и на сите граѓани на Србија да им помогнат на повредените во оваа голема трагедија што се случи во Кочани и нивните семејства, Македонскиот национален совет ја започна оваа акција, со цел целата помош и поддршка да се насочи на едно место.

Средствата може да се уплатат на сметката на Националниот совет (ул. Браќе Рибникар бр. 5, Нови Сад): 160-162703-71, со повик на бројот 2300.

„Раководството на Националниот совет е во секојдневна комуникација со семејствата на повредените и ставени се на располагање сите капацитети на македонската заедница, за полесно и поефикасно да се надмине оваа состојба“, се вели во соопштението на Македонскиот национален совет.

Извор: Македонскиот национален совет собира парична помош за семејствата на повредените во Кочани – MAK info

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!