Home » Агенцијата за иселеништво ја посети м-р Ана Петровска, член на организацискиот тим на КУД „Македонија“ – Уна, Германија

Агенцијата за иселеништво ја посети м-р Ана Петровска, член на организацискиот тим на КУД „Македонија“ – Уна, Германија

by Rebeka Spasova
16 views
За време на посетата м-р Ана информира дека во Дортмунд и околината нема организирана настава по македонски јазик од страна на нашето Министерство за образование и наука поради што во претходниот период Иницијативниот одбор за формирање на настава ги реализирал сите процедури кои се потребни за да се официлијализира наставата. Според Ана Петровска, во Дортмунд и околината има ученици за три паралелки за што се информирани сите структури во државата од кои зависи воведувањето на наставата.
 
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, во комуникација со министрите на Министерството за образование и наука и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија веќе има пренесено за потребите на настава по македонски јазик во местата каде бројот на македонски иселеници е голем и концентрацијата на жители е висока. Со надеж дека идната учебна година настава по македонски јазик во Дортмунд и околината ќе има, од страна на Агенцијата за иселеништво ѝ беа дадени учебни помагала и лектири.
 
На средбата со раководителот на сектор за унапредување и одржување на врските со иселениците, Билјана Костова, Ана Петровска ја искористи можноста и усно да упати покана до директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, на свечената прослава по повод одбележувањето на 30-годишнината од основањето на КУД „Македонија“ од Уна, Германија, кое со децении неуморно работи на зачувување на македонскиот идентитет, култура и јазик, преку Фолклорната група, чиј претседател е г. Јоне Ничовски.
 
На прославата ќе се одбележи и 50 години од постоење на округот Уна во соработка со германските власти, со што настанот ќе добие карактер на одбележување на културна соработка, меѓуетничко разбирање, и заедничките вредности кои ги поврзуваат во тој регион. На свечената прослава ќе учествуваат шест фолклорни друштва од иселеништво и од Република Македонија, како и естрадната уметничка Елена Андоновска.
 
За промотивниот дел на настанот Агенцијата за иселеништво ќе се погрижи со постери од Македонија, македонски филмови, сувенири, државни знамиња и друг промотивен материјал.
 
 

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе