Home » Агенцијата за иселеништво ја поддржа новата стихозбирка „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески

Агенцијата за иселеништво ја поддржа новата стихозбирка „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески

by Rebeka Spasova
14 views

Агенцијата за иселеништво со особено задоволство ја поддржа промоцијата и издавањето на седмата стихозбирка „Шарени дијаманти“ од авторот Наум Трајчески, чија светлина блесна токму на големиот национален и верски празник – Илинден, 2025 година.

Директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Горан Ангелов, и раководителката за врски, г-ѓа Билјана Костова, ја истакнаа својата посветеност во поддршката на културни проекти што го негуваат македонскиот идентитет и духовност и ја одржуваат силната врска со иселеништвото.

Во изјавата по повод излегувањето на книгата, авторот Наум Трајчески истакна:
„Голема благодарност до Агенцијата за иселеништво што ми излегоа во пресрет и ми дадоа поддршка да блеснат дијамантските страници од мојата седма стихозбирка ,Шарени дијаманти’. Голема благодарност и до печатницата ,Графо Пром’ – Битола, како и до сите што помогнаа и зедоа учество за да се реализира овој проект. На сите ви останувам благодарен за вашата несебична помош.“

Агенцијата за иселеништво ќе продолжи да биде поддржувач и партнер на културни иницијативи што ја претставуваат Македонија во вистинско светло, како дома така и пред македонската дијаспора ширум светот.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе