Home » Агенцијата за иселеништво оствари средба со претставници на КСРД „Македониум“ во Македонската амбасада во Брисел

Агенцијата за иселеништво оствари средба со претставници на КСРД „Македониум“ во Македонската амбасада во Брисел

by Rebeka Spasova
76 views
Во просториите на Македонската амбасада во Брисел, во координација со вршителот на должност г-ѓа Сузана Мехмеди, делегацијата од Агенцијата за иселеништво оствари средба со претставници на Културно-спортското и религиозно друштво (КСРД) „Македониум“, Габриел Боцевски -претседател, секретар, Јована Денковска, потпретседателот Стив Веселинов и неговата сопруга Даниела Веселинова.
 
На средбата од страна на присутните беше прикажана дејноста на ова Здружение, како и функционирањето на Црковната општина – МПЦО „Св. Пророк Илија и Архангел Михаил“, која е во рамки на Европската епархија, но изразија загриженост за нејзина регистрација во К. Белгија, што зависи од Цариградската патријаршија, Митрополитот за Белгија и Егзархот за Холандија и Луксембург, Атенагорас.
Богослужбите се одвиваат во изнајмени верски објекти, а главниот настан е чествувањето на празникот Св. Архангел Михаил.
 
Сметат дека со работа, сплотеност и идеи можат да направат многу повеќе, бидејќи бројот на македонските иселеници во Белгија постојано расте и нивната организираност е од големо значење за остварување на нивните права, како и за промовирање на македонската култура и траиција пред белгиските власти.
 
Директорот Ангелов и вршителот на должност Мехмеди информираа за поддршката кон иселениците од страна на матичната држава, секој од аспект на надлежностите, но сепак во насока на зацврстување на врските и воспоставување на континуирана соработка.
 
Директорот Горан Ангелов во знак на благодарност за можноста за остварување на средбата подари теракотна икона и знамиња на Република Македонија за потребите на Друштвото.
 

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе