Home Спорт Спортска манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден “

Спортска манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден “

60 views

На спортските терени во општина Илинден изминатите два дена се одржа спортската манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден”, на кои се натпреваруваа учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште ,,Илинден”.

Според програмата се одиграа финални општински натпревари на основните училишта во футсал, ракомет и одбојка во машка и женска категорија, турнир во баскет за ученици од СОСУ ,,Илинден”, елементарни штафетни игри за ученици од одделенска настава.

На финалните натпревари во футсал во машка  категорија првото место го освои ООУ ,,Гоце Делчев”, а второто место го освои е екипата од ООУ ,,Браќа Миладиновци”, додека во женска категорија во футсал првото место ООУ ,,Браќа Миладиновци а второ место ООУ ,,Ристо Крле”.

Во одбојка категорија машки, прво место за ООУ ,,Браќа Миладиновци а второ место за ООУ ,,Ристо Крле”, додека во категорија женски прво место за ООУ ,,Гоце Делчев” а второ место ООУ ,,Браќа Миладиновци”.

Во ракомет женски првото место го освои екипата од ООУ ,,Гоце Делчев” а второ место за ООУ ,,Ристо Крле”, а во ракомет машки прво место за ООУ ,,Ристо Крле” а второ место за ООУ ,,Гоце Делчев”.

Во БАСКЕТ СОСУ ИЛИНДЕН првото место го освои класот од трета година, второ место за класот од I1 и третото место класот од I2.

На спортската манифестација се одржаа и елементарни штафетни игри за учениците од второ до петто одделение на кои учествуваа околу стотина учесници.

На спортските натпревари беше присутен и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој на најдобрите екипи им додели пехари. Градоначалникот истакна дека одржувањето на спортските настани во општина Илинден е со цел да се поттикнат младите на спорт и поздрав начин на живот.

 

Општина Илинден

Одделение за поддршка на Градоначалникот

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!