Home » Погача која не се меси

Погача која не се меси

by Марко Стоименовски
109 views

– 400 грама брашно;
– 20 грама квасец;
– 2 лажици шеќер;
– 1 лажичка сол;
– 100 милилитри вода;
– 200 милилитри млеко;
– 100 милилитри масло.

 

1. Измешајте го квасецот со малку млака вода, па додадете шеќер, малку масло и млако млеко.

2. Потоа додадете брашно и сол, па добро помешајте со виљушка.

3. Кога ќе добиете лепливо тесто, оставете да отстои половина час.

4. Додадете го останатиот дел од маслото, па повторно помешајте.

5. Вклучете ја рерната на 200 степени Целзиусови.

6. Преместете го тестото во сад за печење, подмачкан или обложен со хартија за печење. Израмнете го тестото со дланките и оставете да слегне околу 15 минути.

7. Над тестото додадете прстофат сол, па печете околу половина час.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!