Home » ОТВОРЕНА 16-ТА ПО РЕД ЛЕТНА ШКОЛА ЗА УЧЕЊЕ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ОТВОРЕНА 16-ТА ПО РЕД ЛЕТНА ШКОЛА ЗА УЧЕЊЕ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

225 views

Во организација на Агенцијата за иселеништво на 25 јули свечено беше отворена 16-та по ред Летна школа за учење македонски јазик што се одржува во Конгресниот центар покрај Охридското Езеро. На отворањето на учесниците им се обрати директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски и им посака успешна работа и незаборавен престој и дружење во татковината.

На Школата присуствуваат деца од Шведска, Хрватска, Швајцарија, Србија, Франција, Малта, Босна и Херцеговина, Германија. Директорот Близнаковски им  додели дипломи на децата, а на наставничките Деспина Велинска, Сашка Соломоновска Јаневска, Розита Закева, како и на директорката на хотелот, Тања Мангоска, им подари икони од христијански светци.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!