Home » Охриѓанката Миланка Новеска ја освојува оперската сцена во Шведска

Охриѓанката Миланка Новеска ја освојува оперската сцена во Шведска

56 views

На „Детски Евросонг“ ја отпеа песната „Омилена“, посветена на Македонија. На деветгодишна возраст застана на сцената со оперскиот пејач Борис Трајанов. Својот вистински блесок пред македонската јавност го доживеа пред десет години, со маестралниот настап во МОБ, рамо до рамо со светските музичари, ја започнува сторијата за охриѓанката Миланка Новеска порталот „Женски Магазин“.

По едукацијата во Македонија, магистерските студии и успешни настапи во Романија, оперската певица Миланка Новеска (26) се пресели во Стокхолм, Шведска, родната земја на својот сопруг. Стана стипендист на најпрестижната фондација S:t Johanneslogen S:t Erik основана од кралот Карл XIII во осумнаесеттиот век. Летово ќе настапува во еден од најстарите кралски театри во светот „Drottningholm Slottsteater“.

Повеќе можете да прочитате ТУКА

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!