Home Иселенички СтраниЕвропа На 21 мај 2023 година се освети Македонската Православна Црква „Св. Злата Мегленска“, во Загреб, Република Хрватска

На 21 мај 2023 година се освети Македонската Православна Црква „Св. Злата Мегленска“, во Загреб, Република Хрватска

31 views
По повод осветувањето, во сабота, на 20 мај 2023 година со почеток во 17:15 часот, директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, во придружба на раководителот на сектор за одржување на врските со иселениците, Билјана Костова, присуствуваа на вечерната богослужба предводена од Неговото блаженство  Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со митрополитите Европски г. Пимен, Тетовско-Гостиварски г. Јосиф и парохискиот свештеник во Република Хрватска, протојереј-ставрофор Кирко Велински.
Настанот заврши со поздравни говори и врачување одликувања на хрватскиот државен и црковен врв, во знак на благодарност за придонесите кон македонската заедница во Загреб и помошта во изградабата на црквата.
Во своето обраќање претседателот на Владата на Република Хрватска, г-дин Андреј Пленковиќ, истакна дека со овој чин Република Хрватска ја покажа поддршката на Македонците во секое поле а особено во делот на Евро-Атланските интеграции на македонската држава преку посебно залагање од страна на европратеничката Мирјана Петир, која исто така беше присутна на настанот и имаше свое обраќање по доделената благодарница за придонес за изградбата на црквата.
Самиот црковен чин на осветувањето се одржа во недела, на 21 Мај 2023 година, предводено од поглаварот на МПЦ-ОА Архиепископот Охридски и Македонски Неговото блаженство г.г. Стефан, во присуство на Митрополитот Европски г.Пимен,Тетовско-Гостиварски г. Јосиф, свештенството од Европската Епархија, многубројните верници од цела Хрватска и поканети гости од соодветни македонски институции помеѓу кои Агенцијата за иселеништво, Комисијата за односи на верски заедници и религиозни групи и македонската амбасада во Република Хрватска.
https://www.facebook.com/iselenistvo

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!