Home » Mакедонска вечер во Рикалдоне

Mакедонска вечер во Рикалдоне

by Rebeka Spasova
20 views
Во чест и и спомен на италијанскиот пејач Луиџи Тенко кој својата младост ја поминал во Рикалдоне, Oпштината Рикалдоне секоја година организира Lетен фестивал во чии рамки Македонското здружение „Заедно – инсиеме“ од Рикалдоне, Италија, има чест да организира македонска вечер со македонски традиционални песни и танци.
 
Оваа година се одржа петтото претставување на македонската традиција и култура во рамки на уметничката програма на Општината Рикалдоне, со учество на:
– Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица кои настапија со помладата и возрасната група,
-КУД “Камен Мост” од Канели со свој дел од програмата,
и музичките уметници: Сања Здјелар и Василија Петрова и Модерато бенд.
 
 Доцна во ноќта се пееја македонски песни кои со воздишки беа примени од сите присутни, особено од италијанските претставници од Општината, пријатели и гости на вечерта.
 
На настанот присуствуваа претставници на македонски здруженија во Италија кои успешно се претставуваат во програмите на општините и ги промовираат македонската култура и традиција. На заедничкото македонско претставување беше присутен и претседателот на македонското културно друштво Uniti per il Futuro од Пјаченца, како и раководството на Здружението „Камен мост“ од Канели.
 
Како официјални гости на културниот настан беа Генералниот конзул во Венеција, Фросина Ташевска-Ременски, директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, со претставникот од Агенцијата, Билјана Костова, и градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски со претставник од Општината, Миран Митревски.
 
Во официјалните обраќања кон присутниот народ, кој броеше околу 1500 Македонци, од страна на италијанските претставници се истакна задоволството што македонскиот народ живее и работи во најпознатите светски предели за производство на вино и има голема заслуга за економскиот и туристички развој на регионот. Од страна на македонската делегација се упати благодарност до Општината Рикалдоне и регионот за широко отворените врати на Македонците кои одлучиле да живеат во туѓина, но кои сепак имаат можност да ги негуваат и чуват своите традиционални и идентитетски вредности и посебности.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе