6
MKC ,, Makedonsko Sonce ” Dizeldorf оваа година овозможи предновогодишна посета за најмладите членови и родителите на оперската претстава ,,Волшебната флејта,, во Deutsche Oper am Rhein во Дизелдорф, една од 6-те најдобри оперски куќи во Германија.
Волшебната флејта (германски: Die Zauberflöte), е опера во два чина од Волфганг Амадеус Моцарт, со германско либрето од Емануел Шиканедер. Делото е во форма на зингшпил – популарна форма (жанр) во тоа време кој содржи пеење и говорен дијалог.[1] Делото е премиерно прикажано на 30 септември 1791 г. во Фрајхаус Театарот на Виден во Виена.
Денешната верзија е мултимедијалната продукција на Бари Коски, развиена во соработка со британскиот уметнички колектив „1927“, која долго време ужива култен статус низ целиот свет. Имагинативната игра на сценографијата, музиката и видео анимацијата елегантно ја пренесува операта на Моцарт во денешно време.
Како дел од претставата беа и нашите оперски пејачи Zhive Kremsho и Mirjana Burnaz-Kremsho
кои се вработени во операта во Дизелдорф и можете да ги видите редовно како изведувачи на најпознатите светски оперски парчиња
Посакуваме убави Новогодишни и Божиќни празници и ве очекуваме наскоро на Хуманитарен концерт за Кочани/ Tribute DNK







