15
Што можеме да научиме и примениме!
Швајцарската влада финансира CHF 3 миларди годишно во културата! Општините и кантоните имаат важна улога. Голем дел од јавниот трошок за култура е на локално ниво – општините често учествуваат со финансии, простори, инфраструктура, организациски ресурси. Кантоните обично имаат свои фондови и конкурси за поддршка на локални уметници, фестивали, проекти кои ја поттикнуваат културната понуда на населението.
————————————————————————-
Вчера вечер, во просториите на Општина Ешален, се одржа информативен, работен состанок посветен на развојот и унапредувањето на културниот живот во општината за 2026 година. На состанокот учество зеде и нашето друштво, кое продолжува активно да соработува со општината и локалните здруженија во насока на создавање богата и разновидна културна програма.
Посебен акцент беше ставен на „Македонски ден“, кој и во 2026 година ќе остане централна точка на летниот фестивал. Настанот, со својата програма исполнета со традиционална музика, танци, гастрономија и бројни активности, веќе се етаблира како еден од најпосетуваните и претставува кулминација на фестивалот во општината.
Нашето друштво со гордост ќе продолжи да придонесува за зачувување и промоција на културните вредности, како и за зајакнување на културната размена во рамките на општината.
Состанокот заврши во пријатна и пријателска атмосфера, која на симболичен начин беше заокружена со чаша вино.