3
verein.makedonium@gmail.com
0664 75458068; 0664 4208250
Ви го преставуваме нашето ново лого од нашата фолклорна група КУД МАКЕДОНИУМ Салцбург.
Ова можност која ја имаме е непроценлива за нас, далеку од дома да ја негуваме нашата традиција и да ја преставуваме пред светот.
Македонските фолклорни ора се уникатни по своите неправилни и сложени ритмови (Тешкото – 7/8, Пајдушко – 5/8, Лесното – 7/8, Копачката – 11/8 ) кои ретко се среќаваат во другите европски традиции. Тие се играат во круг или полукруг, со специфични чекори и стилови што се разликуваат од регион до регион. Ората изразуваат емоции, сила и заедништво, а се придружени од препознатливи инструменти како гајда, кавал и тапан. Тие се длабоко поврзани со македонските обичаи и се еден од најсилните симболи на македонскиот идентитет.
Нашата група веќе се подготвува за пролетни турнеи и претставувања на фолклорни манифестации во повеќе држави низ Европа, а нашите врати се секогаш отворени за нови членови.
Контакт за нови пријави: