Home » Mazedonischer Kulturverein Salzburg: Ново лого од нашата фолклорна група КУД МАКЕДОНИУМ Салцбург

Mazedonischer Kulturverein Salzburg: Ново лого од нашата фолклорна група КУД МАКЕДОНИУМ Салцбург

by trinitymedia
57 views
Ви го преставуваме нашето ново лого од нашата фолклорна група КУД МАКЕДОНИУМ Салцбург.
Ова можност која ја имаме е непроценлива за нас, далеку од дома да ја негуваме нашата традиција и да ја преставуваме пред светот.
Македонските фолклорни ора се уникатни по своите неправилни и сложени ритмови (Тешкото – 7/8, Пајдушко – 5/8, Лесното – 7/8, Копачката – 11/8 ) кои ретко се среќаваат во другите европски традиции. Тие се играат во круг или полукруг, со специфични чекори и стилови што се разликуваат од регион до регион. Ората изразуваат емоции, сила и заедништво, а се придружени од препознатливи инструменти како гајда, кавал и тапан. Тие се длабоко поврзани со македонските обичаи и се еден од најсилните симболи на македонскиот идентитет.
Нашата група веќе се подготвува за пролетни турнеи и претставувања на фолклорни манифестации во повеќе држави низ Европа, а нашите врати се секогаш отворени за нови членови.
Контакт за нови пријави:
💌verein.makedonium@gmail.com
📞0664 75458068; 0664 4208250

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе