Home Иселенички СтраниЕвропа КСЦ „Македонија“ од Диселдорф бара нови фудбалери

КСЦ „Македонија“ од Диселдорф бара нови фудбалери

33 views
Почитувани пријатели,
Со голема радост и задоволство сакаме да Ве информираме дека успеавме да се избориме и ќе играме на „свое игралиште“.
Поради тоа сме во потрага по играчи на сите позиции, кои заедно со нас ќе ја делат желбата за играње фудбал и постигнување големи резултати.
Сите заинтересирани кои сакаат да ни се приклучат во тимот, ги покануваме во петок, 09 јуни, во 19:30 часот на Gothaer Strasse 23, 40880 Ratingen.
Истовремено сакаме да Ви се заблагодариме на честитките упатени кон нас по повод 3 годишнината од формирањето на нашиот клуб КСЦ „Македонија“.
Голема чест ни е што ќе бидеме единствениот клуб во Северна Рајна Вестфалија кој ќе ги брани боите на македонското знаме.
Уште еднаш сакаме да Ви се заблагодариме на вашата поддршка без која не би биле каде што сме сега.
Тимот на КСЦ „Македонија“ Ви посакува убаво лето и со нови сили и предизвици Ве очекуваме на почетокот на новата сезона.
За повеќе информации контактирајте не.
https://www.facebook.com/100053018144383/posts/pfbid0228MtPtG9tVsYp8XNLq9eZkey8HjRub759KzrQBdjc5t8s76opHjwxLvJgMHexfXVl/?mibextid=cr9u03

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!