Home Иселенички СтраниАвстралија “Голем концерт на Иселеничкиот фолклорен фестивал во Струга – Македонски традиционални песни и ора покрај Дрим

“Голем концерт на Иселеничкиот фолклорен фестивал во Струга – Македонски традиционални песни и ора покрај Дрим

81 views
На 5 јули пред Домот на културата во Струга, покрај убавиот Дрим, со почеток во 20:00 ч. пред многубројната публика и весела атмосфера, учесниците на Иселеничкиот фолклорен фестивал во организација на Агенцијата за иселеништво преку целовечерен концерт се претставија со македонски традиционални песни и ора. Шаренописното дефиле од играорци во најубавите македонски носии беа срдечно поздравени од граѓаните и туристите кои со нетрпение го очекуваа големиот концерт. Интересот да се видат наши играорци кои живеат во странство и таму го негуваат македонскиот фолклор беше огромен и учесниците беа поддржани со долг аплауз со повик за повторен настап.

Друштвата: >>> КУД „Македонка” од Виена, Австрија, МКД „Св.Кирил и Методиј” од Крањ, Словенија, МКД „Охридски бисери” од Нова Горица, Словенија, Ансамбл „Сонце” од Крајова, Романија, и МКД „Браќа Миладиновци „Осиек, Хрватска, КУД ,,Разиграна Македонка” од Квинбијан, Австралија, се претставија со прекрасните кореографии на: Жетварка, Копачка, Роненка, Македонија во чекор, Беровка, Пајдушко, Митра мома,Повардарие, Поречки игри, Копачија, Мариовска Тресеница, Ѓурѓовденка и многу други.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!