Home » 45 години манифестација ,,Ден на македонската култура” во Шведска

45 години манифестација ,,Ден на македонската култура” во Шведска

by Rebeka Spasova
10 views
45-годишен јубилеј одбележа манифестацијата „Ден на македонска култура во Шведска“ на 17 Мај 2025 во Гетеборг.
 
Покровител е Македонскиот сојуз, а организацијата оваа година е на друштвото ,,Гоце Делчев” од Гетеборг.
 
На настанот настапија фолклорните секции на друштвото-домаќин, деца и младинци кои рецитираа детска и современа македонска поезија, музички изведби од богатото македонско музичко наследство од талентирани ученици од основно и средно образование, како и презентација на роман од авторката Лилјана Ѓоршевска-Ивановска.
 
Настанот беше збогатен со мини саем на книга на македонски јазик и ликовна изложба од талентиран ученик во 9 одд., Јован Пешевски.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе