На покана од страна на МКД „Св.Кирил и Методиј“ од Крањ, директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, и соработникот, Билјана Костова, присуствуваа на 27. Фолклорен фестивал „Етнофолк“, кој се одржа во Крањ, на 14 јуни 2025, во организација на Друштвото. На фестивалот учествуваа македонските фолклорни друштва од Р Словенија: „МКД Кочо Рацин“ од Обала, Копер, „МКД Илинден“ од Јесенице, „МКД Св.Кирил и Методиј“ од Крањ, „МКД Св.Кирил и Методиј“ од Линц, Австрија, како гости, како и фолклорни и пејачки групи, кои ги претставуваат останатите заедници кои живеат во Р Словенија. На Фестивалот беа присутни голем број посетители, а поздравен говор одржаа градоначалникот на Крањ, Матјаж Раковец, и директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов. По прекрасната изведба на друштвата, присутните уживаа во македонските специјалитети подготвени од кулинарската секција при Друштвото, проследено од страна на македонски медиум и новинари. Настанот беше воден од страна на долгогодишната членка на МКД „Св.Кирил и Методиј“, Крањ, пратеничката во словенечкото собрание, Сандра Газинковски. Благодарност за поканата и честитки до организаторите, претседателката Драгана Богатинова и сите учесници за успешно реализираниот 27. Фестивал во Крањ, Р Словенија.
27. Фолклорен фестивал „Етнофолк“ во Крањ
26
previous post