Home » 20-годишен јубилеј прослави МПЦО „Св.Архангел Михаил“ во Неиве, Италија

20-годишен јубилеј прослави МПЦО „Св.Архангел Михаил“ во Неиве, Италија

by Stanela S
4 views
20-годишен јубилеј прослави МПЦО „Св.Архангел Михаил“ во Неиве, Италија
МПЦО „Св.Архангел Михаил“ во Неиве, Италија, викендот кога се одбележа и Патрониот празник на црквата, прослави 20 – годишен јубилеј од своето постоење.
Се чествуваше со Света Архиерејска Литургија, свечена академија, семакедонска народна трпеза, настап на македонски фолклорни друштва и прослава со македонска традиционална музика на која присусувуваа верниците од парохијата и пошироко.
Исто така на настанот учествуваа градоначалникот и претставници од италијански и македонски надлежни институции.
Од страна на Агенцијата за иселеништво на овој значаен настан присуствуваше раководителот на одделение за информрање и комуникација со иселениците Искра Тројачанец Најденовска, која од име на директорот на Агенцијата за иселенштво, Горан Ангелов и вработените го честита 20-годишниот јубилеј, пред се на Неговото високо преосвештенство г. Пимен, Отецот Михајло Матевски, Управниот одбор и верниците, со желби за долги години постоење и служење на Бога и народот како духовен и културен дом.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе