Во Качарево се одржа 18. по ред манифестација „Средба на гајдаџии: сличности и разлики во гајдата“ во организација на Македонското здружение „Вардар“ од Качарево. Настанот, како и претходните години, собра учесници од цела Србија, како и гости од Македонија.
Манифестацијата „Средба на гајдаџиите“, сега еден од симболите на Качарево, го прослави своето „полнолетство“. Од година во година, овој уникатен музички фестивал ги собира љубителите на традицијата од целиот регион, а идејата гајдата да биде тема на средбата дојде од Здружението на Македонците „Вардар“.
Настанот, на кој учествуваа 16 учесници од повеќе краеви на Македонија и Србија, е поддржан од Министерството за култура на Република Србија, Градот Панчево, Националниот совет на македонското национално малцинство и Покраинскиот секретаријат за управа, прописи и национални малцинства.
Повеќе прочитајте овде: 18-та средба на гајдаџии во Качарево ја воодушеви публиката – MAK info