4
Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов оствари посета на музејот за старини на Марјан Христов Смоларски, кој после неколку години живеење во Германија и Швајцарија реши да се врати во родното село Смолари, општина Ново село.
Марјан освен што се занимава со колекционерство, пишува поезија и е редовен учесник на Литературните средби на Агенцијата за иселеништво и активно учествува во општествениот живот на Општината како советник.






