33
На 10.08.2025 година, во Манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица се одржа традиционалниот настан „Ден на дијаспората“.
На манифестацијата присуствуваа иселеници и претставници на иселенички организации од целиот свет.
На покана од страна на Организацискиот одбор и градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, присуствуваше на настанот и преку свое обраќање ги поздрави Македонците кои го посетија родниот крај за време на летниот период. Во слободни разговори и средби со иселениците директорот Ангелов имаше можност да ги информира за заложбите и идните активности на Агенцијата за иселеништво.
Настанот беше збогатен и со музичко- олклорен дел со ора и песни до доцните часови.