Во сабота, на 10 мај, се одржа незаборавна вечер во која се одбележа значаен јубилеј на Македонската православна заедница во Џилонг, која одбележа 45 години активно делување во заедницата. Прославата во Македонскиот центар беше во чест на основачите што го започнуваат Здружението за да ги застапува интересите на своите членови и на Македонците генерално во пошироката заедница во Џилонг.
Тие по потекло се од сите делови на Македонија и од сите генерации со цел да ја афирмираат и промовираат, преку различни активности, македонската историја, култура, јазик и религија на македонската нација и нејзиниот народ. Македонска православна црква „Св. Јован Крстител“ и културниот центар се наоѓаат на периферијата на Бетсфорд, во близина на Џилонг, што е вториот град по големина во Викторија. Изградбата на црквата започнала во 1971 и е осветена во 1978 година.
Вечерта беше збогатена со присуство на претставници од македонските заедници од цела Австралија, тие сите придонесоа за оваа свечена прослава на големиот јубилеј.