Почитувани,
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци, кои потекнуваат од редовите на дијаспората, да поднесат проектни пријави кои опфаќаат идеи и иницијативи од нивен интерес. Документот може да го преземете ОВДЕ.
Рокот за аплицирање трае 15 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик. Поднесените апликации пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
Апликациите во скенирана форма се доставуваат до Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку надлежно Дипломатско- конзуларно претставништво и на електронската пошта: dijaspora@mfa.gov.mk
Доколку апликантот нема можност за скенирање на проектот, истиот може да се достави по пошта до надлежно ДКП.
Согласно внатрешниот Правилник на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за утврдување на постапката за доделување на проектни средства наменети за потребите на дијаспората, од страна на Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе биде формирана Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите проекти.
Со почит,