Агенција за иселеништво, врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19 и 122/21) и Одлуката на Владата за Република Северна Македонија бр. 41-3317/7 од 03.12.2024 за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија („Службен Весник на Република Северна Македонија“бр. 247 од 05.12.2024 година), објавува јавен повик за избор на правнo лицe кое врши дејност или поседуват дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад за движни ствари кои немаат вредност односно се дотраени, неупотребливи или технолошка застарени и истите не се користат од страна на Агенцијата за иселеништво.
Избраното правно лице на Јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари предмет на Јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин во зависност од видот на отпадот, согласно со законските прописи.
Движните ствари се наоѓаат во просториите на Агенцијата за иселеништво на ул. Македонија бр. 19 (1 кат), Скопје.
Право на учество на Јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, издадена од надлежен орган.
Лицe за контакт во врска со јавниот повик:
Снежана Лазевска Ѓорѓиевска ,
телефон за контакт: 02/3118633
електронска адреса: snezana@minisel.gov.mk.
Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на Агенција за иселеништво на ул. ,,Македонија’’ бр. 19 – Скопје или електронски, во долниот дел од овој линк: Јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, објавен на веб-страната на Агенција за иселеништво.
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 30.12.2024 година, до 10:00 часот.
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 5 (пет) дена сметано од првиот нареден ден од денот на објавата на јавниот повик.
ДОКУМЕНТАЦИЈА
Прилог 1 Табела листа за расход
Прилог 3 Одлука за давање согласност
Комисија за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува
дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад