На ден 6.11.2024 година, во Основното училиште „Гоце Делчев“, во Јабука, се одржа првата шаховска работилница за децата кои го изучуваат македонскиот јазик со елементи на национална култура.
Шаховската работилница е планирано да се одржува еднаш неделно по еден час како дел од училишните активности во рамките на училиштето „Гоце Делчев“.
Ова е на иницијатива на Националниот совет на македонското национално малцинство, а во соработка со Шаховскиот клуб „Аљехин“ од Панчево, која произлезе од заклучоците на неодамна одржаната Конференција за подобрување на процесот на образование на македонски јазик во Србија.
Прочитајте повеќе: Шаховски работилници во ОУ Гоце Делчев во Јабука – MAK info