Актуелниот државен првак на Македонија во шах и член на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, го постигна најголемиот успех во кариерата на Шаховската Олимпијада, која заврши во Будимпешта, освојувајќи сребрен медал за својот индивидуален настап на втората табла, со одличен рејтинг-перформанс (2763)!
Лазов игра во одлична форма последниве две години, при што претходната година на Европското екипно првенство освои велемајсторска норма, која и овојпат му беше на дофат. Со освоени извонредни 7,5 бода од 8 партии (со седум победи, од кои две извојувани на првата табла, и само со едно реми), тој се етаблираше како иден лидер на националната селекција. Воедно, на својот актуелен рејтинг од 2360 поени тој сега ќе додаде нови 33 освоени на Олимпијадата.
Повеќе инфо на: Шахистот Тони Лазов од ШК Алкалоид испиша историја освојувајќи сребрен медал на Олимпијадата во Будимпешта – Дерби (derbi.mk)