Home » „Хрватите имаат длабока почит кон македонската култура“, разговор со Бранкица Богатинов – Македонка која вовела настава по македонски јазик во Хрватска

„Хрватите имаат длабока почит кон македонската култура“, разговор со Бранкица Богатинов – Македонка која вовела настава по македонски јазик во Хрватска

by Rebeka Spasova
8 views

Во 2010 година се преселила во Хрватска, по еден годишен одмор во Дубровник кој ѝ го променил животот.

Хрватска веднаш ја освоила неа и нејзиното семејство со своите природни убавини. Бидејќи и таа и сопругот се големи љубители на природата, тоа за нив било љубов на прв поглед.

Бранкица е мајка на три деца, кои одлично се вклопиле во новата средина и паралелно го совладале и хрватскиот јазик, но го говорат и македонскиот.

Нашите синови го зборуваат и македонскиот и хрватскиот јазик. Постариот син Филип имаше 10 години кога се преселивме и почетоците му беа предизвик – нова средина, нов јазик, ново училиште. Но со својата детска отвореност и храброст, за кратко време успеа да се вклопи, да стекне пријатели и со срце да ја прифати Хрватска како свој втор дом, вели таа.

Во 2015 година им се родиле близнаците Петар и Павел и кај нив природно течело сè. Од мали се учени на два јазика и слободно и спонтано се изразуваат и на македонски и на хрватски.

Поради огромната поддршка која ја имала, успеала да направи еден многу голем чекор за македонската заедница во Хрватска, но и да ја претстави македонската култура и тоа во рамки на образовниот процес. Уште во 2022 година, на нејзин предлог и со помош на родителите, покренала иницијатива за отворање на првото училиште во Загрепската жупанија каде ќе се изучува македонски јазик. Тоа бил почеток на еден голем и важен пат за зачувување на јазичното и културното наследство на македонското малцинство таму.

Таа додава дека за нив македонскиот јазик дома не е само говор – тој е љубов, идентитет и жива врска со татковината.

Прочитајте го целото интервју на линкот: „Хрватите имаат длабока почит кон македонската култура“: Разговор со Бранкица Богатинов – Македонка која вовела настава по македонски јазик во Хрватска

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе