Во Белград е формиран Македонски бизнис клуб, асоцијација на македонски бизнисмени и македонски компании кои работат во Србија. Поводот за формирање на клубот е поврзување на бизнисмените, дипломатите и институциите заради зајакнување на деловната соработка меѓу Македонија и Србија.
Претседател на Македонскиот бизнис клуб е бизнисменот Јане Честовалиев, сопственик и извршен директор на „4UPharma“. Покрај претседателот Честовалиев во Управниот одбор се потпретседателите Игор Петров – директор на Алкалоид во Србија и Милорад Крстиќески – директор на Бритиш-Американ Тобако во Србија, а генерален секретар е Столе Змејкоски директор во компанијата Цептер.
Повеќе за формирањето прочитајте на линкот: Формиран Македонски бизнис клуб во Белград – MAK info