10
Честитка од Реканската дијаспора за победниците на „Радика куп, 2025“ – Гитерслох
Најсрдечно им честитаме на ФК Реканци – Трст за освоеното прво место на „Радика куп, 2025“ што се одржа во Гитерслох, Германија! Со пожртвуваност, тимски дух и искрена љубов кон играта, ја претставивте Река и целата дијаспора на најдостоинствен начин. Вашата победа е гордост за сите нас!
„Радика куп“ не е само спортски турнир – тој е симбол на обединетост, пријателство и силната врска меѓу реканците каде и да се наоѓаат. Ви благодариме што ни приредивте моменти за паметење и што ја продолжувате традицијата со чест.
Со нетрпение го најавуваме следниот домаќин на „Радика куп“ – Тренто, 2026! Се гледаме таму, уште побројни, уште помотивирани и уште посилни!
Со почит,
Реканската дијаспора