Home » Учиме македонски јазик на Мали Лошињ

Учиме македонски јазик на Мали Лошињ

by trinitymedia
66 views

И оваа година учениците од ОУ „Иван Бенковиќ“ од Дуго Село, Р.Хрватска, имаа можност од 25.08 до 01.09 да учествуваат на летен камп кој е во организација на Министерството за образование на Р.Хрватска. Подносител на проектот е Хрватско  Македонското друштво со раководството, госпоѓите Јудита Р. Худечек и Лена Ѓапиќ.

Координатор, автор и  водител на проектот Бранкица Богатинов,  дипл.инг. по биологија и наставник по македонски јазик и асистентките: Катарина Павелиќ, дипл.проф.по биологија и хемија  и Мирјана Фунтек, економистка. Покровител на проектот е Град Дуго Село со градоначалникот Ненад Паниан.

Ви склоп на проектот децата имаа богата програма во која освен изучување на јазикот и културата на Македонија имаше и посета на институтот „Синиот свет“ чија цел е зачувување на билниот и животински свет во Јадранското море, со акцент на добриот делфин и негова заштита, Музејот Апоксиомен на Мали Лошињ кој на посебен начин ја раскажува приказната за младиот атлет кој е пронајден во водите покрај Мали Лошињ и после 2000 години изваден од дното на морето и успешно реставриран,  посета на Миризливата градина која обилува со разни билки карактеристични за островот како и со неколку животни домаќини во самата градина, посета и на  местото Чикат ( прекрасен залив со песочни плажи и богата архитектура) и секако прекрасниот Вели Лошињ, кој со право е наречен рај на Земјата.

Преку едукативните работилници и посетата на сите овие институти и музеи  децата   сите ново стекнати знаења ги преведуваа и на македонски јазик. Вечерите ги поминувавме со забава, дружење и  спорт,  зачинети со убава македонска музика, оро и игра.

На свеченоста на доделување на дипломите  имавме и изненадување за нашиот роденденски славеник.

Горда сум на моите ученици. На моето мешано одделение од 21 дете  од кои половината се Хрватчиња кои со голема желба и љубов пристапија кон  оваа настава и овој проект.

Голема благодарност и до моите колешки Катарина и Мирјана, кои иако не се изворни говорници на македонскиот јазик со голем ентузијазам и љубов се приклучија кон овој проект.

Довидување до идното лето.

Уживајте во убавите спомени и нови пријателства кои ги склопивме овде.

Човекот е богат онолку колку што има пријатели, а неговата најголема моќ е знаењето и вистинските животни вредности на меѓусебно уважување, почитување и ценење на различностите кои не чинат луѓе.

 

Автор
Бранкица Богатинов
дипл.инг .по биологијани наставник по македонски јазик.

 

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!