4
На ден 17.01.2026 година се одржа традиционалната приредба на учениците по повод почетокот на второто полугодие од учебната 2025/2026 година и празникот Василица.
Учество земаа учениците од рецитаторската, пеачката, фолклорната и драмската секција со своја програма.
Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Муралто
д-р Стефано Џиларди, градоначалникот на Локарно Никола Пини и свештеникот отец Драги Гоцевски. На крајот од програмата отец Драги на сите ученици им додели новогодишни пакетчиња.
Голема благодарност до Митрополитот Европски г. Пимен за убавите пакетчиња од Алкалоид – Скопје со производи на Бекутан.
Родителите на учениците и во оваа пригода подготвија македонски специјалитети. Им благодарам на родителите за несебичното ангажирање и дружбата што ја имавме




