Во Загреб, на 12 и 13 октомври 2024 година, успешно е реализиран проект насловен „Колаж на македонската култура“, кој на едно место ги собра ученици кои учат македонски јазик и култура во основни и средни училишта во Хрватска. Проектот имаше за цел да ја приближи македонската култура и да ги поттикне учениците на активно учество во зачувувањето и промовирањето на своето културно наследство.
Во текот на проектот, учениците низ различни активности и презентации имаа можност да се запознаат со дел од богатството на македонската култура, традиција, архитектура, музика и фолклор. Секој сегмент од програмата имаше за цел да ја прикаже разновидноста и убавината на македонската култура, од историските корени до современите изрази на денешницата.
Учениците кои пристигнаа од Сплит, Осиек, Пула и Риека, задно со ученици од Загреб, учеа, се дружеа, уживаа во зедништвото и позитивната детска енергија. Децата имаа можност да се запознаат и да уживаат во културните знаменитости на хрватската престолнина.