Home » Успешно одржано редовното собрание на „Македонска Зора – 93“ во Офенбург

Успешно одржано редовното собрание на „Македонска Зора – 93“ во Офенбург

by Stanela S
3 views
Почитувани членови на Македонскиот клуб „Македонска Зора – 93“ Офенбург,
На ден 22.03.2026 година успешно се одржа редовното собрание на клубот, во духот на заедништво, одговорност и посветеност кон нашата заедница.
На состанокот беше даден детален отчет за финансиската состојба на клубот, при што членовите беа информирани за тековното работење, транспарентноста и стабилноста на финансиските средства.
Исто така, беа презентирани започнатите и реализираните проекти, кои претставуваат значаен придонес во зачувувањето и промовирањето на македонската култура, традиција и заедништво во Офенбург.
Во рамките на собранието се одржа и избор на нова управа со мандат од две години. Со заедничка одлука беше донесено проширување на Управниот одбор, кој отсега ќе брои 7 членови.
За членови на Управниот одбор беа избрани: Јорданчо Николовски
Селина Мустафова
Ирена Јанакиева
Климентина Митев
Марија Павлов
Коле Јанакиев
Златко Митевски
Со оваа нова енергија и проширен состав, клубот продолжува да чекори напред со јасна визија и силна поддршка од своите членови.
Им благодариме на сите присутни за активното учество и придонес. Заедно продолжуваме да ја градиме иднината на „Македонска Зора – 93“.
Со почит,
Македонска Зора – 93 Офенбург

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе