Home » Уметничката ноќ 2025, Bottega Cini, за свој чин на отворање го избра „Злато мое“ („tesOROmio“),

Уметничката ноќ 2025, Bottega Cini, за свој чин на отворање го избра „Злато мое“ („tesOROmio“),

by Rebeka Spasova
12 views

Моќен перформанс од уметницата Љупка Делева, кој се одржа на 21 јуни 2025, од 19:15 до 21:00 часот, на платото пред Bottega Cini во Венеција.

Тоа беше визуелен и поетски ритуал што го трансформираше плоштадот пред Bottega Cini во вистински свет простор на сеќавање и преродба. Во центарот на сцената, женска фигура облечена во бело – Нарине Хачатријан (Ар). Нејзиниот фустан беше распослан  како констелација од корени, врз кој Делева со знаци, симболи и гестови со златна и црна боја оддаде своевиден чин на признание кон сите жени на кои, низ текот на времето, им било одземено правото да го изразат своето знаење, талент и визија.

Инспириран од духовноста на Лита, сончевиот фестивал на летниот солстициум „Злато мое“ ја слави светлината, трансформацијата и длабоката врска со елементите – земјата, водата, воздухот, огнот. Современа химна за генеративната сила на женственото, помеѓу уметноста, ритуалот и колективната свест.

Оригиналната мелодија на композиторот Дамјан Томоски, го засили сензорното искуство, обвиткувајќи ја изведбата во евокативен и жив звучен пејзаж, засилувајќи ја симболичната вредност на секој гест.

Настанот го проследија стотина посетители, присуствувајќи на моментот каде што границата помеѓу уметноста и духовноста се спојуваше во споделен чин на убавина и свесност.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе