Home » Трети ден Летна школа во Охрид

Трети ден Летна школа во Охрид

by Rebeka Spasova
22 views

Третиот ден од Летната школа вниманието го посветивме на еден од најстарите и највпечатливи симболи на Охрид – Чинарот.

Научивме дека според некои преданија, Чинарот е стар околу 1100 години. Тој е чувар на спомени, сведок на мноштво настани и симбол на истрајноста на градот. Денот го посветивме на истражување на неговата историја, легендите и митовите за неговото постоење, како и на раскажувањата на локалните жители кои веруваат дека Чинарот ги штити и инспирира.

Инспирирани од тоа што го научивме и почувствуваме, инспириравме и уникатни разгледници. Секоја разгледница пренесуваше своја порака, секој го претстави Чинарот како што го восприемаше.

Творевме со срце и душа, со љубов кон Охрид, кон неговите вредности и убавини. А на крајот сите заедно испративме симболична порака: „Охрид, ти си нашиот дом под Чинарот!“

Овој ден ќе го паметиме како уште еден од успешните денови на Летната школа.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе