Home » Студенти се враќат од странство да ги завршат своите студии дома

Студенти се враќат од странство да ги завршат своите студии дома

by Rebeka Spasova
8 views

Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) постои десет години, а веќе стана една од најатрактивните високообразовни институции на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола. Тој успева да ги задржи да студираат дома заинтересираните за информатички технологии од Пелагонискиот Регион наместо да заминуваат во други градови и земји. Во последните години се случува дури и битолчани што почнале да студираат во странство, информирани за квалитетот на оваа вискообразовна институција и за меѓународно признатите дипломи, се враќаат дома да ги дозавршат студиите на ФИКТ.  Има случаи наши студенти од Словенија да ги продолжат студиите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола, а досега преку меѓународни програми одредени семестри или цела академска година на ФИКТ да ја минуваат и студенти од Германија, Турција, Полска и Бугарија.

Одлуката студентите од Пелагонискиот Регион да останат дома и да студираат информатика на ФИКТ се должи на квалитетниот професорски кадар, атрактивните студиски програми и модерните лаборатории. Деканот и понатаму ги предава своите премети од областа бази на податоци, криптографија и информациска безбедност, наука за податоци, аналитика на големи количества податоци и моделирање на бизнис-просеци.

Повеќе за ова прочитајте на: Студенти што студирале во странство се враќаат во Битола и ги дозавршуваат студиите на ФИКТ

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!