61
07.12.2025 Дизелдорф Германија.
Забава и дружење со нашите мили македонски артисти, стендап комедија на Nadica Petrova, независна актерка која со својата харизма и чувства не држеше час и половина насмеани и среќни, нешто што ретко го доживуваме тука во Германија!
Благодарност до сите членови на MKC ,, Makedonsko Sonce ” Dizeldorf што се трудеа настанот да биде на ниво какво што ние Македонците го заслужуваме тука во Германија, некои кои дури и цел ден директно од играорниот тренинг останаа и продолжија со спремање на салата и останаа до крајот додека се не се врати на свое место, до касно во вечерните часови…
Тоа не е само подршка кон македонското, тоа е создавање историја и меморија за идните генерации дека ние Македонско сонце Дизелдорф го оставаме нашиот македонски печат тука во странска земја и поставуваме темел за секој македонец да знае дека можеме и умееме да си ја негуваме и чуваме нашата култура и традиција и допринесуваме секој македонец да се чувствува убаво помеѓу свој народ далеку од нашата мила Македонија!
Од тука ја поздравуваме и испраќаме Надица да ги забавува Македонците во Швајцарија а посакуваме добредојде на нашите драги Македонски уметници Andrijana Janevska, Lambe Alabakovski, Elena Andonovska и Tina Ruseva за престојниот хуманитарен концерт за Кочани/Трибут DNK во Февруари. Во оваа прилика и го честитаме и роденденот на Elena Andonovska, и посакуваме многу зравје, среќа и љубов со семејството и успешен солистички концерт на 15 Декември во Македонската опера и балет.
Хуманитарен концерт за Кочани/ Tribute DNK во Февруари е од особена важност за нас како народ да се покажеме дека имаме доблест да ги подржиме сите наши Македонци засегнати од несреќата во Кочани и да им покажеме дека никогаш нема да бидат заборавени и дека вечно ке останат во нашите сеќавања!






