8
Претставници на организацијата „Македонци од Источна Англија“ ја посетија Агенцијата за иселеништво и остварија работна средба со директорот, Горан Ангелов, и раководителот на одделение за информирање, Искра Тројачанец Најденовска.
На средбата претседателот, Игор Јованов, и потпретседателот на Друштвото, Игор Симонов, информираа за активностите на Новоформираното друштво и потребите од официјализирана настава по македонски јазик, укинување на туристичките визи за Англија, потреба од црковна општина и формирање на база од иселеници професионалци од разни области, со цел нивно вмрежување.
Директорот Ангелов информира дека Агенцијата за иселеништво во рамки на надлежноста ќе даде поддршка и активно ќе се вклучи во сите наведени активности и во знак на благодарност и надеж за идна соработка подари Теракотна икона.
