13
Во пресрет на викендот кога ќе се одржи Годишното Собрание на Европската Епархија, директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, се сретна со претставници на Иницијативниот одбор за новата Црковна општина која ќе биде во служба на македонските православни верници од Трентино-Алто Адиџе.
На средбата присуствуваше отец Орце Пешов од Брегалничка Епархија, а Иницијативниот одбор: Венко Трпески, претседател на МКД „Свети Кирил и Методиј“ – Трентино, Горанчо Цветков, Звонко Јовчевски и Диме Петрески, ја оценија средбата за успешна и значајна од историски карактер за поставувањето на темелите на Црковната општина во најсеверниот дел од Италија каде живеат голем број на македонски иселеници.
