17
На 23 март 2025 година, во Канели, Асти, Италија, директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, во придружба на раководителот на сектор, Билјана Костова, оствари работна срдба со раководството на македонското здружение „Камен Мост“, предводено од Илона Захариева.
Од страна на Друштвото информираа дека главна дејност е поддршка на Македонците кои се многубројни во овој крај и чување на македонската култура и традиција, преку формирање на културно-уметничко друштво, создавање услови за настава по македонски јазик и отворање на културен и духовен центар со поддршка од страна на италијанските власти која ја имаат во секое поле како чесни, вредни и интегрирани граѓани.
Во организација на друштвото „Камен мост“ (Il Ponte dI Pietra) делегацијата оствари прием кај градоначалничката на градот Канели, Роберта Џовине, заменикот градоначалник, Мауро Стропиана, и советникот, Паоло Гандолфо.
На средбата, градоначалничката, Роберта Џовине, изрази благодарност кон македонскиот народ, кој брои една третина од населението во градот, за улогата во економскиот развој на градот, како и до Aгенцијата за иселеништво за поддршката на Друштвото и посетата на Општината. Особено им претставува задоволство што втората генерација, децата на нашите иселеници покажуваат висок просек и во образовниот процес, со што претставуваат и интелектуално богатство на општината.
Во знак на благодарнот за приемот, директорот Ангелов на Општината подари теракотна икона и го објасни нејзиното значење, а од страна на градоначалничката Џовине, во знак на промоција на винарството кое е главна гранка во Пиемонте, му подари автентично вино.